Средба меѓу Буш и Карзаи
27 септември 2006Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи го повтори обвинението дека во исламските училишта ,кои важат за талибански,се проповеда омраза.Истовремено тој го нарече пакистанскиот премиер Мушараф свој брат.Двајцата ќе се сретнат во присуство на американскиот претседател Џорџ Буш.
Во последно време поради инфилтрацијата талибански борци и елементи од Ал Каеда од Пакистан во Авганистан,дојде до напнатости меѓу двете држави.Карзаи,чија влада е под притисок поради талибанската офанзива на југот,уште еднаш ги повтори барањата до соседот Пакистан повикувајќи се на договорот потпишан неодамна меѓу владата на Мушараф со водачите на племињата во пограничните области:
„На терористите не смее да им биде дозволено да доаѓаат во Авганистан преку границата за да ги напаѓаат меѓународните заштитни сили кои се тука заради наша заштита.Ќе провериме дали овој договор се спроведува,“рече Карзаи.
Џорџ Буш се понуди како посредник меѓу двете страни.Нему Авганистан му треба како пример за успех во натамошните борби против теророт,а Пакистан во фаќањето на терористите од Ал Каеда како Осама бин Ладен.
Буш на Карзаи му вети помош во обновата на земјата:
„Господине претседателе,Америка е на страна на авганистанскиот народ.Знам дека некои во вашата земја се сомневаат во тоа,но нашите намери се силни.“
Карзаи пак информираше за ситуацијата во земјата,пред се за тешкотиите во сузбивањето на производството и трговијата со дрога,за што побара разбирање.
„Нам ни е многу непријатно што кај нас се одгледува дрога.Но,тоа е последица на нашето долго страдање,без надеж за подобра иднина.“
Според проценката на експертите,производството на афион во Авганистан во последната година пораснало за 60 проценти.