Средба без тензии
10 септември 2008Реклама
Средбата на Црвенковски, премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, амбасадорот Никола Димитров и шефот на кабинетот на премиерот, Мартин Протуѓер, минала во конструктивна атмосфера. Инволвираните во преговорите за името, Димитров и Протуѓер добиле инструкции да го ислушаат Нимиц и идеите кои што, според него, би довеле до решение на спорот со Грција.