Србија ќе добие нов Устав
30 октомври 2006Српскиот премиер Воислав Коштуница доцна синоќа изјави дека усвојувањето на уставот во преговорите за Косово ќе претставува сигнал дека Србија нема да прифати кршење на меѓународното право со одземање на суверенитетот на дел од територијата на земјата.
„ Каква било одлука која би навестувала или мирисала на некаква условна или друг вид ограничена независност на Косово, од српска страна работите со оние страни кои би посегнале по еднострано и унилатерално признание на Косово, во што јас не верувам, не би можеле да изгледаат како денес. Тоа не може да помине без последици„
Сите политичари вклучени во про уставната кампања го поздравија резултатот и им заблагодарија на граѓаните за излезноста со што била зајакната државноста. Претседателот Борис Тадиќ во истата насока додаде
„ Мораме да им посветиме внимание на претстојните денови, мораме да имаме нови иџбори, да придонесеме не само со уставот туку и со нова демократска влада за наша политичка стабилност, а со тоа и на сите граѓани, целиот регион и на Европа до која сакаме да стигнеме на целиот овој политички пат„
Инаку Уставот стана неопходен откако , во летото Црна Гора се оддели излезе од државната заедница со Србија. Тој беше посакуван како одговор на тешката владина криза во Србија и очекуваната одлука на Обединетите Нации околу статусот на Косово. Во преамбулата на Уставот стои дека отцепената покраина населена пред се со Албанци е недделив дел од Србија . Белградскиот политиколог Владимир Гоати го формулира тоа на следниов начин:
“Тоа врзување на прашањето на Косово во Уставот за поголем дел од избирачите направи референдумот да биде за или против Косово”
Инаку во Косово референдумот се одвиваше само во регионите што се населени со Срби . Во јужниот дел на Србија , албанското население целосно го бојкотирапе референдумот . И во останатите региони со голем процент на малцинско население , како на пример северната провинција Војводина – одзивот на референдумот истотака беше низок.
Граѓанското движење во Србија и помалите опозициони партии, критикуваа дека Уставот е еден компромис на најмалиите заеднички именители на големите партии . Противниците на уставот претходно повикаа на бојкот и истакнаа дека на референдумот излегле помалку од полоината од избирачите со право на глас. Младиот политичар Чедомир Јиовановиќ обвини за изборна измама:
“За нас референдумот и неговиот исход поради начинот на неговот организацизирање е нелегитимен и нелегален . Ние меѓутоа нема да инстистираме на негово оспорување низ институциите.
Дека неправилности имаше на десетици , потврди и Центарот за слободни избори и демокератија , кој го набљудуваше референдумот . Но претставникот на ЦЕСИД , Марко Благојевиќ нагласи дека тие неправилности не можат да го променат конечниот исход на референдумот.