Србија-Косово
2 август 2007Реклама
Срспкиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ изјави дека Белград е подготвен да му понуди на Косово што е можно поширока автономија. Српската влада би можела да се откаже од деловите на суверенитетот и да се согласи Косово да воспостави односи Светската банка и ММФ. Претставникот на САД во меѓународната тројка за Косово, Френк Визнер, во меѓувреме предупреди дека одложувањето на решението за покраината не би било мудро, ниту праведно. Вашингтон според него е подготвен на соработка со Москва за утврдување на заедничка платформа.