Србија - Косово - ЕУ
8 јули 2007Реклама
„По повод изјавата на Даниел Фрид дека Србија треба да избира меѓу ЕУ и Косово, наш став е дека е тоа лажна дилема и лажен избор. Србија само со Косово може да влезе во ЕУ“ – изјави министерот за Косово и Метохија во српската влада Слободан Самарџиќ.
Помошникот-државен секретар на САД Даниел Фрид на Кроација-форумот во Дубровник ја повика Србија веќе да не инсистира врз тоа да го задржи Косово и натаму одбивајќи негова независност, туку наместо тоа да избере иднина во рамките на ЕУ.