1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија избира меѓу Европа и изолација

27 јуни 2004

Кандидати за претседател на Србија се Николиќ од Радикалната партија на Србија и Тадиќ од Демократската партија,западот го преферира вториот

https://p.dw.com/p/AcMk
Борис Тадиќ важи за прозападен политичар,а Николиќ спротивно
Борис Тадиќ важи за прозападен политичар,а Николиќ спротивноФотографија: AP

Сега веќе важи за сигурно,по повеќе неуспешни обиди Србија конечно ќе добие претседател,иако според сите анкети одзивот на избирачите пак ќе биде многу низок.Но,сега законот е променет,нема никаков долен праг на излезени гласачи.

Сепак,аналитичарите велат дека не е сеедно колку граѓани ќе излезат да гласаат,колку повеќе гласачи толку е поизгледна победата на Борис Тадиќ од Демократската партија,кандидат кого западот сака да го види како претседател:

-Нашата земја е во тешка ситуација по војните во 90-те години,кога ние стоевме наспротив целиот свет,така што сега ни требаат партнерски односи со најголемите и најсилните држави.Повеќепати потенцирав дека ни треба избалансирана политика кон трите центри:ЕУ,САД и Русија.Само така можеме да ги следиме нашите национални интереси.Тоа не можеме да го постигнеме ако го уништуваме политичкиот систем и ако ја водиме земјата кон политичка нестабилност,вели Тадиќ.

Тој притоа мисли на ситуацијата која би настанала ако на претседателските избори денеска победи кандидатот на Српската радикална партија Томислав Николиќ.

Кандидатот на Радикалите на Демократите на Тадиќ пак им префрлува за лошиот економски биланс по симнувањето од власт на Слободан Милошевиќ:

-Потсои навистина извесна стабилизација во Србија,но нивото на продуктивноста е далеку под нивото од 1990 година.Не би сакал тоа да падне под она од пред војната.Пристапот кон ЕУ,за кој толку многу се зборува,зависи во прва линија од економската сила на земјата и од владеењето на правото.Никој во Европа не сака сиромашни и гладни,со повеќе од еден милион невработени,со непостоечко производство,со неверојатна корупција и криминална стапка.Богата Србија со богати луѓе,тоа е предуслов за стабилизација.

Вака зборува Николиќ пред медиумите,а неговите следбеници на митинзите извикуваат

-Да живее Војислав Шешељ!

Зашто Шешељ е партиски шеф,тој се наоѓа на обвинителна клупа пред Хашкиот трибунал.Радикалите исто така ги слават Радован Караџиќ и Ратко Младиќ,по кои трага Хашкиот трибунал.

Николиќ меѓутоа е повнимателен,зашто не сака етикета ултранационалист,тој за време на кампањата не прави испади и се придржува на законите.Дека сака голема Србија,сега тоа не го истакнува.

Кој би бил патот кој го посакуваат западните дипломати за Србија?

Претседател Борис Тадиќ,со кого премиерот Коштуница би бил во мир,со што конечно стабилните политички односи ќе овозможат натамошни реформи.Со победата на Николиќ коалицијата на Коштуница би се распаднала,во што западните дипломати за Србија гледаат неповолна иднина.Тадиќ или Николиќ,Европа или изолација,оценува западот.