Спречен бомбашки напад во Лондон!?
29 јуни 2007Реклама
Британската полиција го блокираше делот на Лондон, каде утринава беше детонирана експлозивна направа во еден паркиран автомобил. Целосно е блокирана улицата Хејмаркет во непосредна близина на плоштадот Пикадили каде во текот на ноќта бил паркиран сомнителниот автомобил. Секретарот за одбрана Дес Браун во интервју за Би Би Си изјави дека веројатно станува збор за сериозен инцидент. Сеуште нема информации за каков тип на експлозивна направа станува збор. Скотланд Јард соопшти го испитува експлозивот.