1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спортистите сакаат да се изјаснат

Матијас Белингер10 април 2008

Патот на олимпискиот оган мора да биде обезбедуван, демонстрантите бараат отворање дебата за кинеската политика на Тибет, политичари најавија дека нема да присуствуваат на Олимпијадата. Што ќе прават спортистите?

https://p.dw.com/p/DfML
Про-Тибет демонстранти во Сан ФранцискоФотографија: AP

Дали спортистите смеат политички да се изјаснуваат или не? Претставникот на Германскиот олимписки спортски сојуз, Кристијан Закс, на седницата на надлежната парламентарна комисија во Берлин, рече: „Според мислењето на ДОСБ можно е и во рамки на Повелбата на Олимписките игри, да се даваат политички изјави.“

Повеќемина германски спортисти во последните денови најавија дека сакаат за време на игрите да го соопштат своето мислење околу безредијата во Тибет и повредите на човековите права. Но, што е точно дозволено во рамки на игрите, не знаат. Манфред фон Рихтхофен, почесен претседател на ДОСБ, смета дека атлетите се во тешка ситуација: „Знаете дека германскиот член на Меѓународниот олимписки комитет, Трегер уште еднаш јасно кажа дека ако се даваат политички изјави во стадионите, спортистите ќе бидат исклучени.“

Олимписката повелба забранува, цитат „политичка, религиозна или расистичка пропаганда“ на стадионите и во олимпиското село. Надвор од олимписките простории спортистите можат да се изјаснат, но доколку сакаат тоа да го направат за време на игрите, треба многу добро да размислат како тоа да го сторат: „Знам, а сигурно знаете и вие дека има редица атлети кои сакаа да носат нараквици преку кои сакаат да укажат на лошата состојба. За текстот што ќе биде напишан на нараквиците сеуште се дискутира. Мислам дека тоа би бил скромен, но сепак јасен протест.“

Можни се и маички со натписи кои се доволно општи, смета фон Рихтхофен. Пратеникот на зелените, Винфрид Херман, даде предлог на маичките да биде на англиски и на кинески напишан зборот - човекови права.