Спорот со името влегува во нова фаза
14 јули 2008Реклама
Метју Нимиц, медијаторот во грчко македонскиот спор со името денеска во Њујорк ќе одржи консултации и со грчкиот преговарач, амбасадорот Адамантиос Василакис. На петочната средба македонскиот преговарач Никола Димитров и Мартин Протуѓер, шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски побарале од Нимиц да ги уважи македонските ставови дека нема да има решение се додека доаѓаат закани од грчка страна. НАТО е важно, но името е поважно беше пораката на Скопје. Експертите во Македонија пак со различни ставови за тоа како понатаму ќе се одвиваат преговорите.