Спорните теми остануваат спорни
30 март 2010На средбата со претставници на германската евангелистичка црква во Истанбул во прв ред беше изнесена нерешената правна ситуацијата на црквата, истакна свештеникот Холгер Нолман. Проблемот е во тоа што црквите во Турција немаат никаков правен статус и поради тоа не можат да склучуваат договори, да купуваат недвижности, или, пак, да вработуваат соработници. Меркел ја искористи посетата на Истанбул за да ги посети поранешната црква, џамијата Аја Софија, како и џамијата Султанахмет.
Германскиот јазик - клучен за интеграцијата
Инаку, на вчерашната средба со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган не беа надминати несогласувањата околу спорните теми. Канцеларката Меркел покажа подготвеност за разговори околу барањето за турски училишта во Германија, но истовремено нагласи дека турските мигранти мораат да го учат германскиот јазик.
„Ако Германија има свои училишта во странство, вклучувајќи ја и Турција, тогаш нормално е и Турција да има свои училишта во Германија. Меѓутоа, Турците кои живеат во Германија не смеат да го користат ова како изговор да не го учат германскиот јазик.“
Уште помалку сличности се забележуваат кога е интеграцијата на Турција во ЕУ во прашање. Турскиот премиер бара полноправно членство на неговата земја, додека германската канцеларка се залага за „привилигирано партнерство“. Разлики се забележаа и околу темата атомска програма на Иран.
„Не сметаме дека санкциите се вистинскиот пат. Ние се залагаме за дипломатија, тоа е најдобро“, истакна турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.
Автор: ТТ/СН/епд/дв
Редактор: Симе Недевски