1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спонтан бојкот против грчките производи и услуги

Горан Петрески6 април 2008

Во Македонија се’ појасно се исцртува бојкот на граѓаните за грчките стоки и услуги. Посебно е загрозена туристичката понуда на јужниот сосед.

https://p.dw.com/p/Dcsd
СкопјеФотографија: Petar Stojanovski

Капиталот не познава граници, но грчкото вето за македонскиот прием во НАТО, ги повреди чувствата на граѓаните. Кај некои до таа мера што решија да ги бојкотираат грчките компании во Македонија.

Берзатат во меѓувреме се стабилизираше, но негативните последици од политичката одлука се префрлија во бизнисот поточно во туризмот.