1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спилберговиот “Терминал“ го отвори Филмскиот фестивал во Венеција

2 септември 2004

Филмскиот гламур од синоќа се врати по 61-ви пат во Венеција

https://p.dw.com/p/AeVJ
Новиот директор на Фестивалот Марко Милер
Новиот директор на Фестивалот Марко МилерФотографија: AP

На отворањето беше прикажан новиот филм на Стивен Спилберг “Терминал“, на чија проекција и на свечената гала дојде не само режисерот, туку и главниот актер, холивудската ѕвезда Том Хенкс.

“Мислам дека сите студија имаат по малку од тоа лактање и борба за позиција за нивниот филм да биде прикажан на отворањето на некој фестивал. Тоа е навистина голема чест!“ - нагласи супер-ѕвездата на Холивуд на синоќешната гала во Венеција.

Најновото остварување на веќе легендарниот Стивен Спилберг во кое Том Хенкс ја толкува главната улога додуша ја доби толку посакуваната позиција, но не и одушевувањето на критиката и публиката. Таа дури предизвика благо разочарување, бидејќи сите очекуваа многу повеќе од еден Спилберг и од еден филм што го отвора еден од трите најголеми и најугледни Филмски фестивали во светот.

Печатот во Италија дури почна да му префрла на новиот директор на фестивалот, Марко Милер, дека лобира за Спилберг, чиј “Терминал“ наиде на лоша критика и во американската стручна јавност. “Се е поврзано со 11 септември и со стравот од тероризмот“ - порача Спилберг со осмевка која повеќе покажува беспомошност. Навистина штета, бидејќи материјалот за приказната доаѓа од реалниот живот, од вистинската животна приказна на еден Иранец кој веќе 16 години живее на аеродромот во Париз, иако француските власти одамна сакаа да му дадат виза за престој. Во остварувањето на Спилберг станува збор за еден руски емигрант во САД, кого Том Хенкс го игра бравурозно, но за жал според изветвените клишеа за Русите.