1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СПД во офанзива по смената на врвот

22 март 2004
https://p.dw.com/p/AcOl
Шредер и Минтефереинг
Шредер и МинтефереингФотографија: AP

Новиот претседател на СПД Франц Минтеферинг по смената на врвот, партијата повторно ја гледа во офанзива. Вчерашниот вонреден конгрес беше знак за пресврт, изјави тој денеска по првата седница на претседателството под негово водство. За наредниот понеделник Минтеферинг најави средба на синикалниот совет на СПД со врвот на германскиот синдикат за да се распарава за тоа што ги обединува и каде се разликите меѓу нив. Според новиот генерален секретар Клаус Уве Бенетер, претседателството донесло широка работна програма за стратегиската и внатрешната обнова на партијата. Во меѓувреме, претседателката на ЦДУ Ангела Меркел и префрли на СПД недостиг за решавачки реформи. “Конгресот јасно покажа дека големи делови на германското општество се понапред од СПД“, изјави Меркел по денешниот состанок на врвот на нејзината партија. Таа многу очекува од владината изјава на канцеларот в четврток, што ќе покаже по кој курс сега ќе продолжи Герхард Шредер. А, пак во интервју за Дојче веле, новиот претседател на СПД Минтерферинг како една од главните негови цели го означи задржувањето на владината ефикасност.

Франц Минтеферинг изрази надеж дека ќе му успее да ги реализира очекувањата на базата, подеднакво и да ја објасни суштината на реформите на владата:

“Мора да се остане спокоен. Се има граници и јас тоа го знам. Но, нема сам да работам, тука е и новиот генерален секретар Клаус Уве Бенетер, целата партија. Верувам дека имаме шанса“.

На констатацијата дека поделбата на функциите сепак е делумна загуба на власта за сојузниот канцелар и дали тоа во извесна смисла не е опасност да се интерпретира како несупех, Минтеферинг одговори:

“Тој функцијата доброволно ја предаде и ние за тоа долго разговаравме, дали има или нема смисла. Бевме свесни дека има ризици. Но, има и шанси и сега сакаме да ги искористиме. Тој во секој случај може да се концентрира на функцијата сојузен канцелар, а јас како партиски и претседател на фракцијата да се погрижам за владата да може да функционира, а партијата посилно да се вклучи во политичката дебата“.

За тоа што очекува во наредниот период Минтеферинг вели:

“Самосвест и готовност да се прифати критика, но и подготвеност она што се смета за важно да биде спроведено и заедно со многу други да се одгатне она што сега треба да се прави. Верувам дека во партијата има голема готовност и дека тоа ќе се случи и меѓу избирачите“,