Спасот на еврото во рацете на германските уставни судии
11 септември 2012Германскиот Уставен суд денеска објави, дека според планот утре ќе биде објавена пресудата по тужбата за европскиот спасувачки фонд и за фискалниот пакт.
Во текот на изминатиот викенд пратеникот од ЦСУ Петер Гаувајлер поднесе барање за итна постапка бидејќи сакаше да постигне одлагање на пресудата за спасувачкиот фонд, оти смета дека со одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) за неограничено купување државни обврзници е создадена сосема нова ситуација. Чекорот водел до дополнително оптоварување на германскиот буџет без парламентарна контрола. Ова било противуставно. Затоа Гаувајлер бараше ново усно сослушување.
Германскиот Уставен суд во Карлсруе утре (12.09.), според првиот план, треба да ја објави својата одлука по тужбите против планираниот нов спасувачки фонд ЕСМ и европскиот фискален пакт за поголема буџетска дисциплина.
Гeрманија е единствената земја на еврото која досега не го спровела ЕСМ. Беше планирано спасувачкиот фонд да стартува уште во јули.