1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со решавање на спорот за името ќе се надминат и црковните проблеми

АМ/миа6 октомври 2013

Отсуството на МПЦ ОА од настаните посветени на 1.700 години од Миланскиот едикт, што се одржуваат во Србија, е на совест на православието и православните цркви, порача архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

https://p.dw.com/p/19uRY
Фотографија: MIA

Поглаварот на Македонската православна црква за време на денешниот престој во Битола оцени дека причината за отсуството е позната за сите.

„Нашето отсуство е на совест на православието на православните цркви, а ние како православна црква минатата седмица го одбележавме тој настан - 1.700 години од Миланскиот едикт и 1.150 години од почетокот на Моравската мисија. Верувам дека на сите им е позната причината за нашето отсуство – станува збор за неприфаќање на нашата света црква, но фактите говорат дека ние постоиме, дека нашата црква постоела, а очигледна е и иднината на нашата света црква, затоа што Охридската архиепископија е вековна црква на овие простори, била мајка на повеќе цркви од нашето опкружување, а денес таа не е прифатена повеќе од јасно зошто“, изјави г.г. Стефан.

Според архиепископот охридски и македонски, кога ќе се надмине спорот што го има Република Грција со името на Република Македонија проблемите во православната црква ќе бидат надминати.

Mazedonien Kirche KLiment Ohridsk in Skopje
Митрополит Петар: „Сите православни цркви треба да се запрашаат зошто нешто не е во ред со православието“Фотографија: Petr Stojanovski

Митрополитот г. Петар истакна дека на собирот во Србија, освен МПЦ ОА, не била поканета ниту Романската православна црква, како значајна црква.

„Затоа сите помесни православни цркви треба да се запрашаат зошто нешто не е во ред со православието, особено по прашањето на национализмот, кој е најголемата пречка за православието да биде првата христијанска вера во светот“, нагласи митрополитот г. Петар.

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ ОА денеска во населбата Нова Битола го посетија храмот во изградба „Собор на сите македонски светители“, чии темели се поставени пред 20 години.