Со изострено перо - како светот гледа на Меркел?
Циркуски дресер на диви ѕверови
Сите ги слушаат нејзините команди. Грција и Шпанија толку често „играле како што им свири Меркел“ што ја загубиле и последната кошула. Италија нема уште долго да носи панталони, а само прашање на време е и кога Португалија ќе остане гола. На југот на Европа владее увереност дека канцеларката ги влече конците кога станува збор за мерките на штедење за да се спаси еврото. (Шпанија, „Магазин Нонада“)
Во Атина нема пријатели
Во Грција Меркел во меѓувреме е најомразен европски политичар. Грците сметаат дека таа е лично виновна за пропаѓањето на економијата и растечката сиромаштија во земјата. Народот се лути велејќи дека таа ги врзала сите со лисици само за да се спаси еврото. Кога и да доаѓа Меркел во посета, во Грција има протести. (Грција, „То парон“)
Јавачи на Апокалипсата
Европската централна банка, Меѓународниот монетарен фонд, францускиот екс претседател Никола Саркози и Ангела Меркел јаваат на касички. Насмевката на германската канцеларка залажува, таа знае да го употреби мечот и во тоа Европа е единствена. (Португалија, „Експресо“)
Мајчинска радост?
На северот на Европа на германската канцеларка не се гледа како на опасност. Не е ни чудо, зашто таму наместо еврото владее круната. Наместо тоа, Швеѓаните речиси сочувствуваат со Ангела Меркел. Таа е прикажана како маторица која мора да храни осум прасиња, а деветтото е веќе на пат. Притоа, не изгледа среќно. (Шведска, „toonpool“)
Германска дилема
За еврокризата се дискутира и во Индија. Економскиот џин во Азија одамна ја отпиша европската економија како хаварисана. Само Германија може да се спаси на еден остров. Но кому Меркел да му го фрли појасот за спасување? Прашање што не е едноставно... (Индија; Каканад, Керала-магазин за трговија)
Изиграна
Дел од Авганистанците ја сметаат Ангела Меркел за премногу лековерна. Германската канцеларка се надева на мир во регионот и со согласност од претседателот Карзаи им го откупува оружјето на талибанците. Но тие и не помислуваат да запрат со борба, па во Пакистан снабдуваат ново. (Авганистан, „toonpool“)
Yes she can
Дури и надвор од европските граници се раскажува дека Ангела Меркел е жилава канцеларка, која, како што се чини, ја води својата земја непоколебливо по европски курс. Во САД, тешко погодени од економска криза, многу луѓе и со нив и претседателот Обама се прашуваат: Како успева канцеларката да ја одржи Германија стабилна во таква криза во Европа? (САД, „Хартфорд Корнт")
Уметноста на дипломатијата
На меѓународниот паркет политичарите тешко смеат да кажат што навистина мислат за оној што стои наспроти нив. Многумина Руси за својот претседател размислуваат слично како Ангела Меркел. Таа не игра речиси никаква улога во царството на Путин. Сепак, демократски настроените Руси ја обвинуваат нејзе и другите европски премиери дека не му се спротивставуваат доволно на Путин. (Русија „Фејсбук“)
Госпоѓа Меркел вози прва
Во Египет, земјата каде доминираат мажи, постои чудење како една жена - Ангела Меркел, владее со богатата Германија. Како претставничка на европска економска сила таа е олицетворение на обожаваниот германски производ: „квалитетен автомобил Made in Germany". (Египет, „Фејсбук“)
Досадни избори!?
Нејзиниот смирен тон и промисленост имаат добар одзив. Според анкетите, довербата на Германците во Меркел е голема-еврокризата, скандалот со беспилотни летала или аферата со прислушување и‘ се ставаат на товар на нејзината ЦДУ, но не и нејзе лично. На противкандидатот Пер Штајнбрик од СПД не му е лесно. Никој не го зема вистински сериозно предвид, а најмалку канцеларката. (Германија, „Мајн Пост“)