1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со заедничка стратегија кон европските пазари

25 мај 2009

Економската криза остава последици врз речиси сите важни сектори во македонската индустрија. Таа не го одминува ниту лозарството и винарството, кое и без тоа се соочува со некои традиционални проблеми.

https://p.dw.com/p/Hx2S
КавадарциФотографија: dpa

Виното е еден од стретегиските производи на Македонија и извозен адут на земјата. Германија е на врвот на листата на земји кои увезуваат македонско вино. Но станува збор главно за наливно и евтино вино, чија малопродажна цена е околу две евра за шише. Всушност од севкупниот извоз наливното вино учествува со околу 80, а виното во шише со само 20 насто.

Целта на државата, но, и на сите вклучени во оваа индустриска гранка е се разбира да се намали тој сооднос и Македонија да извезува што е можно повеќе вино во шише.

Малите винарии кои произведуваат вино со стандарден и врвен квалитет, се позитивен тренд во македонското винарство. Тие ја збогатуваат понудата на вино во шише што може да ја извезува Македонија. Меѓутоа во земјите од ЕУ ретко може да се најде шише квалитетно вино, кое произведено и спакувано во Македонија. Она што и потребно на земјата е квалитетно претставување на нејзиниот винарски потенцијал и секако заедничка стратегија за настап на европските пазари.

За актуелните предизвици, но и позитивните трендови на винската индустрија во Македонија слушнете го разговарот со Горан Миланов во аудиозаписот.

Автор: Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска