Со декрет Путин го замрзна договорот за разоружување со Европа
14 јули 2007Реклама
Во спорот околу планираниот антиракетен заштитен систем во Полска и Чешка, Русија прекина важен договор за контрола на оружувањето во Европа. Претседателот Владимир Путин потпиша декрет со кој се замрзнува спроведувањето на договорот за разоружување во Европа. Овој чекор е преземен врз основа на “вонредни околности” кои ја загрозуваат безбедноста на Русија, соопшти Кремљ. НАТО ја критикуваше одлуката на Путин како “чекор во погрешна насока”. Договорот склучен меѓу НАТО и Варшавскиот пакт во 1990 година важи како основа за разоружување во Европа по студенената војна.