1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со водени топови против наставниците

ЕМФ/ард14 септември 2013

Стотици полицајци насилсно го расчистија плоштадот во Мексико Сити каде штрајкуваа наставници. Тие со оклопни возила, водени топови и солзавец ги истераа демонстрантите кои не се согласуваат со образовната реформа.

https://p.dw.com/p/19hT1
Фотографија: Reuters

Полицијата, според сопствени наводи, уапсила 29 лица. Таа соопшти дека во акцијата има 11 повредени полицајци. Црвениот крст, пак, јави за 29-мина повредени критичари на власта. Првчино неколку илјади наставници се сместија во шатори на плоштадот. Кампот беше поставен пред три недели. Повеќето од нив меѓутоа се повлекоа пред наредбата за интервенција на полицијата. Заканите на безбедносните сили ги игнорираа околу 200 демонстранти, кои на околните улици дополнително поставија и метални барикади.

Денеска (14.09) во Мексико е национален празник, односно се слави Денот на независноста. На плоштадот треба да зборува претседателот Пена Нието, а за утре е предвидена воена парада.

Протестот на наставниците е насочен против контроверзната образовна реформа, која ја спроведе претседателот Нието, без оглед на протестите. Со реформата се намалува моќта на синдикатот, а наставниците се подложени на постојани проверки на работењето. Наставниците се противат на тестирањата, кои се уникатни за целата земја и нагласуваат дека тие работат во многу различни услови. Имено, условите за работа на колегите во селата се многу потешки отколку во градовите. Децата во селата пред да почнат да учат шпански на училиште често го зборуваат само јазикот во дадениот регион.