Сојзуната влада задоволна од пазарот на работна сила
11 октомври 2007Реклама
Вицеканцеларот на Германија Франц Минтеферинг извлече позитивен биланс од досегашната политика на пазарот на работна сила. Во говорот во парламентот тој нагласи дека иако не е постигната идеална состојба, нема причина да се очајува. Германската влада останува на политиката за поголем раст и повеќе работни места. Борбата против невработеноста е нејзина главна цел.