1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сочи - решение меѓу два концепта

5 јули 2007

Рускиот гред Сочи домаќин на зимската Олимпијада во 2014 година. Критиките не ги обесхрабруваат Русите.

https://p.dw.com/p/BCrJ
Градот на Црното море домаќин на зимска ОлимпијадаФотографија: picture-alliance/ dpa

„22 те зимски олимписки игри во 2014 година ќе бидат оддржани во градот Сочи“ објави претседателот на Меѓународниот олимписки комитет.

Зимска Олимпијада на брегот на Црното море во Сочи – ова се чини е изненадување, бидејќи спортските борилишта каде за седум години треба да се оддржат натпреварите постојат само на хартија. Но Меѓународниот олимписки комитет овој пат се потпре на виртуелни ветувања.

Норвешкиот член на извршниот одбор на комитето Герд Хелберг вели „Да бидам искрен, мислам дека го очекувавме тоа. Се надевам дека се добро ќе се одвива.“

Вице претседателот на германскиот олимписки комитет Томас Бах, во изборот на Сочи гледа „суштинско решение меѓу два концепта, ако така сакате. Или Олимпијада во по традиција земја на зимските спортови или Олимписки игри во нов регион за олимписките зимски спортови. Мнозинството на членовите на Меѓународниот олимписки комитет гласаа за втората варијанта.“

Австрискиот канцелар разочаран

Не станува збор за супштинско решение туку за насока смета пак австрискиот сојузен канцелар Алфред Гусенбауер кој искажа јавно разочарување поради тоа што Салцбург како и пред четири години отпадна во првиот круг. „Меѓународниот олимписки комитет ја носи одговорноста и очигледно полага на извесен ризик. Тоа е легитимно. Според мое мислење подобра би била друга одлука.“

Олимпијадата - награда за Русија

Russland Sotschi Wintersport
Сочи 2014Фотографија: AP

Градот Сочи, кој во финалето го победи Пјеонгчанг од Јужна Кореја со 51 наспрема 47 гласови, не го обеспокојуваат овие изјави. Рускиот член на Олимпискиот комитет Виталиј Смирнов, кој се погрижи за летните олимписки игри во Москва 1980 година целосно е убеден во успехот на Сочи.

Рускиот вице премиер Александар Шуков пак по објавувањето на одлуката рече

„Првите зимски олимписки и паролимписки игри во Русија за нас се награда. Ова објаснува зошто Сочи 2014 доби токлку голема популарност и подршка во Русија но и во светот.“

Радоста е неизмерна

Со денешниов ден и во Германија повторно се отвори дебата за олимписка кандидатура, но прво е на ред славјето и радоста на Русите. Руската телевизија покажа и снимки со политичари и функционери кои се прегрнуваат и танцуваат од радост, во ритмот на химната компонирана за олимписките игри 2014 година. Одлуката со воодушевување беше примена и на улиците на Сочи, а потоа на радоста и немаше крај.