„Софи Шол“ во конкуренција за Оскарот
21 септември 2005Реклама
Филмската драма „Софи Шол – последните денови“ на режисерот Марк Ротемунд е германски кандидат за номинација за Оскар во категоријата „Најдобар филм од неанглиското јазично подрачје“. Ова во Минхен го соопшти Џерман филм, претставништвото за странство на германската филмска бранша. Филмот раскажува за судбината на Софи Шол, борец на отпорот, ликвидирана од нацистите во 1943-та година. Оскарите ќе се доделуваат на 5-ти март во Холивуд.