1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Софија и Букурешт очекуваат добра вест од Брисел

26 септември 2006

Дипломатски извори во Брисел велат дека Европската Комисија се одлучила да препорача прием на Бугарија и Романија во ЕУ во 2007-ма година , со забелешка внимателно да се следи натамошниот реформиски процес.

https://p.dw.com/p/Ac2v
Одлуката на ЕК во Софија се дочекува со вакви плакати
Одлуката на ЕК во Софија се дочекува со вакви плакатиФотографија: AP

Европската Комисија денеска треба да ја објави својата препорака , за тоа кога Романија и Бугарија ќе можат да и пристапат на ЕУ. Иако беше можно поради бавните реформи и големата корупција приемот на двете балкански земји да биде одложен за 2008 година , сепак дипломатски извори во Брисел велат дека Европската Комисија сепак се одлучила за 2007-ма , со препорака внимателно да се следи натамошниот реформиски процес.

Напредокот во постигнувањето на реформите во администрацијата и на планот на борбата против организираниот криминал во Бугарија и Романија не се остварува доволно бргу. Во Бугарија не се работи доволно на планото на борба против корупција и организираниот криминал , порача во јули Оли рен , комесарот за проширување на ЕУ:

„Пораката за моите пријатели во Бугарија гласи дека сега е време да се засукаат ракавите“

Иако за време на летото се случија подобрувања, сепак во Софија и во Буѕкурешт не се исполнети сите стандарди за прием , стои во најновиот извештај на Европската Комисија. Меѓутоа Оли рен сепак ќе предложи прием на овие релативно сиромашни земји во Европската Унија на 1 јануари 2007-ма година , како што првобитно беше планирано. Државниот правобранител на Романија Даниел Морар , кој ја предводи борбата против корупцијата вели дека неговата земја уште долго време ќе мора да се бори против финансиските малверзации и перењето пари:

„Корупцијата во Романија за жал сеуште е сеприсутен феномен. Во сите области има корупција , и таа е длабоко всадена во менталитетот. Нашите напори во моментов се насочени кон највисоките нивоа , се бориме значи против корупцијата кај политичарите и раководителите во полицијата и правосудството“

Критики има и кога станува збор за хигиената кај животните намирници, потоа условите за живот на ромското малцинство како и кај правилата за усвојување деца. Инакудоговорите на Романија и на Бугарија за приклучување кон ЕУ содржат определени клаузули кои дозолуваат едногодишно одложување на приемот доколку двете држави не се доволно подготвени за влез. Тоа секако би претставувало бламажа за властите во Софија и во Букурешт. Бугарскиот премиер Сергеј Станишев , за време на посетата на Брисел рече дека неговата земја сака да ги исполни сите услови за прием:

„ Ние учиме преку соработка со комисијата , постојано се подобруваме и веруваме дека можеме да станеме добра членка на ЕУ“

Инаку во Бугарија и Романија невработеноста опаѓа но цените растат . Нејасное колку од 22 милиони Романци и 8-те милиони Бугари ќе сакаат да побараат работа во другите земји членки на ЕУ. МНогу држави првенствено Велика Британија и германија сакаат да допуштат слободно движење и иселување од овие земји дури пет години по нивниот прием во Унијата .