1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Состојбата во Сирија останува голема непознаница

11 мај 2011

Колку се веродостојни информациите на режимот и опозицијата за состојбата во Сирија со оглед на тоа што странските новинари немаат пристап во земјата? Kолку е обединета опозицијата во Сирија?

https://p.dw.com/p/11DeR
Протести во Сирија
Протести во СиријаФотографија: AP

Претседателот на Сирија Башар ал Асад ветува реформи и крај на насилството. Заштитниците на човековите права пак говорат за 600, 700 или дури 800 мртви и околу 8.000 политички затвореници од почетокот на протестното движење. Меѓутоа информациите тешко може да се проверат. Како оние што го објавува државната сириска телевизија, така и тврдењата на опозицијата. Но, која е опозицијата? Дали е таа единствена?

Георг Јабур, сириски политички експерт се сомнева во тоа:

„Некои се залагаат за човековите права, други за демократија и слични теми, трети се чини се добро вооружени и имаат сопствени цели. Не знам дали групациите се поврзани меѓусебно. Згора на тоа постојат разочарани политичари, маргинализирни од сирискиот режим.“

Средната класа е воздржана

Вооружени банди, мешање од надвор, вакава е оценката за бунтот на сирискиот режим. Дека вооружени сили се дел од уличните протести, не може да се исклучи, меѓутоа мнозинството се невооружени демонстранти, кои им се спротивставуваат на вооружените полицајци и војници, барајќи, по 40 години угнетување, поголема политичка слобода и крај на стравот од семоќната држава. Притоа не сите Сиријци се дел од опозицијата. Пред се’ градската средна класа во Дамаск и Алепо стравува од хаос како во Ирак.

Протести во Сирија
Протести во СиријаФотографија: AP

Сирискиот отпор во голема мерка е организиран од странство, стотици илјади изминатите години мораа да ја напуштат земјата, оти алтернатива за егзилот им беше затвор.

Во Сирија нема вистинска опозиција

Претседателот Башар ал Асад
Претседателот Башар ал АсадФотографија: picture-alliance/dpa

Тоа уште повеќе ја усложнува ситуацијата за да се добие реална слика. Бунтовниците во Сирија се препуштени сами на сабе, смета професорот политиколог Хилал Кашан од американскиот универзитет во Бејрут: „Протестот во Сирија повеќе од 50 години не поседува вистинска организација. Политичкото раководство систематски го уништуваше секое цивилно општество. Во голема мерка сведоци сме на спонтани демонстрации. Опозицијата нема раководство. Затоа не гледам можност, таа да го преземе политичкото водство на земјата“, подвлекува Кашан.

Асад напротив и покрај вербалните протести од странство цврсто седи во фотељата. Западот нема да интервенира како во Либија, а санкциите против раководни личности во Сирија и не против Асад, режимот не го заплашуваат. Освен ова тактички потег е и дозволата репортер на Њујорк Тајмс за неколку часа да ја посети Сирија, за да ја пренесе пораката „Се’ е под контрола“. Други новинари и натаму не смеат да влезат во Сирија - нивниот агол на гледање на состојбите е непожелен.

Автор: Улрих Лајдхолд/ Александра Трајковска

Редактор: Борис Георгиевски