Соседите загрижени поради севенокорејската ракета
30 март 2012Јапонија исклучително критички реагира на планираното тестирање на севернокорејска ракета со долг дострел. Издадена е наредба за пресретнување и соборување на ваква ракета доколку таа прелетува преку јапонска територија, изјави јапонскиот министер за одбрана Наоки Танака во Токио. Со соборување на севернокорејската ракетата се закани и Јужна Кореја. Комунистичкиот режим во Пјонгјанг неодамна за средината на април најави стартување носечка ракета, која наводно треба да лансира сателит во вселената. САД и Јужна Кореја се сомневаат дека зад проектот се крие таен тест на воена ракета со долг дострел. Советот на ОН на Северна Кореја и‘ забрани секакви видови тестирања ракети.
Северна Кореја вчера од западниот брег истрела две ракети со мал дострел, јавија јужнокорејските медиуми повикувајќи се на воени извори во Сеул.
Истреланите ракети најверојатно се од типот „земја-море“ и не се поврзани со најавеното истрелување на ракети со голем дострел, во периодот од 12 до 16 април, по повод 100-годишнината од раѓањето на основачот на Северна Кореја, Ким Ил-сунг.
Јужнокорејската армија одби да ги потврди наводите на медиумите.