Соработката со НАТО приоритет на португалското претседателство со ЕУ
28 мај 2007Реклама
Јакнење на соработката со НАТО ќе биде еден од приоритетите на следното португалско претседателство со ЕУ,најави португалскиот министер за одбрана Нуну Теиксера, во обраќањето на пролетната сесија на Генералното собрание на Алијансата кое се одржува во португалскиот остров Мадеира. Португалија која го презема претседателствувањето од 1 јули годинава ќе се посвети на јакнење на стратешкото партнерство во областа на безбедноста, одбраната и раководење со кризни ситуации”, додаде Теиксера.