1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Соработката била уште потесна

2 март 2006

Аферата околу можната соработка на германската тајна служба БНД со САД пред и за време на ирачката војна доби нов зенит: најнапред во понеделникот весникот „Њујорк тајмс„ извести дека соработници на БНД на Американците им ги предале ирачките планови за одбрана. Ова беше демантирано од германската влада. Вчера весникот изнесе нови детали за можната соработка.

https://p.dw.com/p/Ac8U
Кој што и колку знаел за активностите на БНД во ирачката војна?
Кој што и колку знаел за активностите на БНД во ирачката војна?Фотографија: dpa - Report

Соработката меѓу американската армија и германската тајна служба БНД била многу потесна отколу што се тврдеше досега и од она што го тврди германската влада, пишува весникот „Њујорк тајмс„ во новиот текст на оваа тема. Според него, службеници на БНД биле стационирани непосредно кај генерал Томи Френкс во главната команда на американските сили во Катар. Овие пак имале информации што ги собирале двајцата соработници на БНД во Багдад и му ги предвале на Френкс. Ова лично било одобрено од тогашниот канцелар Герхард Шредер, од министерот за надворешни работи Јошка Фишер и од шефот на кабинетот и сегашен шеф на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер. Уште повеќе: двајцата агенти на БНД директно извршувале задачи на истраги во полза на Американците. Вкупно на Американците им биле врачени 25 извештаи од кои 18 по директна задача. Агентите не смееле да даваат информации што биле во непосредна врска со воздушните напади. Но, затоа пренесувале информации за седиштата на полициските единици, како и општи извештаи за атмосферата во земјата.

Авторите на текстот се повикуваат на тајниот дел на извештајот за активностите на БНД во Ирак. Тој, тврди „Њујорк тајмс„ им станал пристапен преку еден новинар во Берлин. Во многу детали овој извештај се поклопува за довереливиот извештај на Пентагон за војната во Ирак.

Освен тоа, во текстот на „Њујорк тајмс„ се вели дека со завршувањето на бомбардирањата завршила и соработката со БНД. Сите тројца соработници на БНД добиле американски ордени за заслуги со кои биле наградени, како што буквално се вели „важните информации што биле добиени за поддршка на војната во Ирак.