Солидно второ полувреме
3 јуни 2007Реклама
Избраниците на селекторот Јоахим Лев, на натпреварот во Нирнберг дури во финишот на првото полувреме преку Кевин Курањи обезбедија предност. Разликата во квалитетот дојде до израз во вториот дел кога германците постигнаа уште пет голови.
“ Едноставно сакавме премногу. Не одигравме онака добро како во последните натпревари. Играчите на Сан Марино само се бранеа и сакаа да не примат гол и тоа беше тешко за нас. Но мислам дека во второто полувреме одигравме добро“ изјави по натпреварот Торстен Фрингс
Македонската репрезентација со вчерашниот пораз од Израел со 2:1 ја продолжи неуспешната серија настапи на домашен терен каде три години нема извојувано победа.