Солана задоволен од напредокот на Македонија
12 август 2006Реклама
Солана во писмото по повод петгодишнината од Рамковниот договор, оценува дека духот на компромис и соработка меѓу различните политички партии ја осигурал имплементацијата на договорот. Солана побара усвоените закони да се применат во пракса , особено во области како децентрализација и рамнправна застапеност. Продолжувањето на охридскиот процес ќе и помогне на земјата да се приближи до ЕУ,смета Солана. Последниве пет години покажаа дека има капацитет кај луѓето да се надминат разликите и да се работи кон заедничка европска иднина и отворен политички дијалог. Истиот дух е потребен за земјата успешно да го заврши патувањето до ЕУ, пишува евродипломатот.