Советот на Европа се дистанцира од спорот со името
21 јануари 2008Парламентарното собрание на Советот на Европа не сака да навлегува во спорот околу името и да зазема позиција за употребата на името на Македонија во Советот на Европа. Тоа е во спротивност со Привремената спогодба меѓу Македонија и Грција, оценува шпанскиот парламентарец Педро Аграмунд. Парламентарното Собрание смета дека разликите меѓу двете земји треба да бидат разрешени во веќе започнатиот политички процес под покровителство на ОН. Во усвоениот извештај на Комисијата за политички прашања се претставени позициите на двете страни по прашањето за името кои според известувачот не и се познати на пошироката јавсност. На крајот, парламентарецот Педро Аграмунд советува Собранието да работи на разрешување на проблеми, кои произлегуваат од прашањето со името. Станува збор за посложени прашања, како што се концептот за нација и за национални малцинства. Со тоа би требало да се спречи погрешна интерпретација и манипулација на историјата за политички цели.