1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Советот за безбедност ја разгледува предлог резолуцијата за прекин на огнот во Либан

6 август 2006

САД и Франција синоќа постигнаа согласнот околу предлог текстот. Официјален Бејрут ја отфрли предлог резолуцијата бидејќи во текстот нема повик за повлекување на израелските сили од јужен Либан.

https://p.dw.com/p/Ac4M
Фотографија: AP

Либанските власти забележуваат дека во резолуцијата покрај прашањето за целосно повлекување на израелската рамија не се повикува и на воспоставување контрола на ОН на граничното тромеѓе меѓу Израел, Либан и Сирија, кое е под израелска окупација. Советникот на либанскиот премиер Мохамед Шатах предупреди дека е потребен итен прекин на судирите

„ Потребен е итен прекин на огнот и воените операции. Ова трае веќе предолго. Мора да се запре итно и верувам дека советот за безбедност ќе реагира внимателно со цел да биде постигнат целосен прекин на огнот„

Израел ќе ја продолжи офанзивата до распоредувањето на меѓународните сили. Заменик премиерот Шимон Перез смета дека ќе бидат потребни недели додека резолуцијата стапи на сила. Во текстот се бара целосен прекин на огнот и на двете страни и воспоставување на траен мир, по што би следувало распоредување на меѓународни мировни сили во јужниот дел на Либан. Сепак на Израел би му останало пртавото да изведува дефанзивни воени операции

Францускиот амбасадор во ОН Жан Марк Де Ла Саблиер се надева дека до понеделник или вторник ќе биде постигната согласност во советот за безбедност:

„ Мислам дека кога сите преку ТВ екраните гледаме што се случува во Либан и во некои градови во северен Израел мораме да дејствуваме итно и одговорно„

Американскиот претседател Џорџ Буш изрази задоволство од предлог резолуцијата но не прави илузии дека лесно ќе се стави крај ан насилставата. Амбасадорот на САД во светската организација Џон Болтон:

„ Постојано повторуваме дека прекинот на огнот треба да биде во контекст на фундаментална трансформација на прашањето во регионот. Во спротивно едноставно ризикуваме повторување на вакви дејствија, без притоа да биде решен проблемот„ смета Болтон