Собраниска седница на 16 август
7 август 2007Реклама
Претседателот на Собранието на Република Македонија Љубиша Георгиевски донесе одлука да се прекине годишниот одмор на пратениците и свика редовна собраниска седница за 16 ти август. На седницата ќе се разгледува одлуката на Комисијата за деловнички и мандантно - имунитетни прашања со која се одобрува мерка притвор за пратеникот Владо Бучковски – изјави портпаролот на парламентото Тодор Пендаров.
Пратеничката група на СДСМ бараше итна собраниска седница за случувањата околу Комисијата за манданто – имунитетни прашања. Социјалдеморактите сметаат дека одлуката на комсијата е невалидна.