1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Собраниска дебата за Деловникот

Александар Чомовски 17 јули 2007

Во македонското Собрание почна расправата околу Деловникот. КОпјата најмногу се кршат околу домените за користење на албанскиот јазик.

https://p.dw.com/p/BJ0d
Жестока дебата во СобраниетоФотографија: picture-alliance/ dpa

Во новите парламентрни правила се ргистрирани и сите 45 закони што треба да се гласаат според мнозинскиот клуч, односно глас повеќе од мнозинството Албанци пратеници или познатото Бадентерово правило. Но и тоа не ја задоволи опозициската ДУИ. Нејзините пратеници не враќаат во парламентот се додека во новиот деловник не се внесе и донесувањето на законот за комплетна официјализација на албанскиот јазик во македонскиот Парламент.

Но новиот деловник ја нема поддршката ниту од владејачката Демократска партија на Албанците - Додека сите пратеници не ги добијат материјалите на албански јазик, милиме дека овој предлог не ги исполнува уставните можностите за албанскиот јазик рече Ружди Матоши.

Слободан Најдовски од редовите на Либерал – демократите во Собранието изнесе страв од можна албанизаицја на Парламентот. Јани Макрадули од Социјалдемократите констатира дека неформалниот политички договор меѓу Никола Груевски и Али Ахмети стана нов критериум за Европската унија.

Засега само владејачката ВМРО ДПМНЕ ја турка агендата за можнотста официјализирање на албанскиот јазик во Парламентот.