1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сноуден се пријавил во руската миграциска служба

СН/АТ/бета/ртр6 август 2013

Едвард Сноуден го пријавил во руската миграциска служба местото на престој. Неговиот адвокат соопшти дека испратил и официјална покана за таткото на Сноуден да ја дојде во Русија и да го посети синот.

https://p.dw.com/p/19KXk
I
Фотографија: picture-alliance/dpa

Поранешниот службеник на американските тајни служби Едвард Сноуден се пријавил во руската миграциска служба со местото на престој, изјави неговиот адвокат Анатолиј Кучерена денеска во Москва.

„Тој се регистрираше со местото на престој“, им изјави Кучерена на новинарите не откривајжи повеќе детали. Адвокатот на Сноуден уште изјави дека вчера (05.08.) испратил официјална покана за таткото на Едвард Сноуден да ја дојде во Русија и да го посети синот.

„Се надевам дека ќе добие виза“, рече Кучерена.

Руските медиуми наведуваат дека американските разузнувачки служби претходно го наговарале Лон Сноуден да одлета во Москва и да се обиде да го убеди својот син да се врати во САД. Сноуден постариот во неколку наврати изјавуваше дека не верува во објективноста на американското правосудство и му советуваше на својот син, никогаш да не се враќа во САД.

Сноуден на 1. август доби привремен политички азил во Русија, со важност од една година.