1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Снегот ја прекина наставата во 124 училишта

7 февруари 2012

Снежното невреме што ја зафати Македонија отсече 80 села со околу 1.000 жители, во 28 општини предизвика целосен прекин на наставата.

https://p.dw.com/p/13yhD
Фотографија: picture-alliance/dpa

Македонското министерство за образование и наука денеска (07.02.2012)апелирше до сите општини да направат проценка и да донесат одлука дали наставата треба да се одвива тековно, со скратени часови или целосно ќе биде прекината.

Ресорниот министер Панче Кралев информираше дека во моментот има целосен прекин на наставата во 124 училишта од кои 15 средни и 109 основни.

„Повторно препорачуваме проценката за скратување на часовите и прекинување на наставата да остане на советите на општините, бидејќи ние не можеме да им наредиме на општините што да прават. Доколку продолжи снежното невреме, ќе треба да се донесе генерална препорака дали наставата низ државата ќе продолжи“, рече Кралев на прес-конференција.

Сообраќајни проблеми

Центарот за управување со кризи денеска, пак, соопшти дека е во постојан контакт со жителите од отсечените села и доколку постои загрозување по здравјето и животот на некои од нив, или пак има потреба од храна или медицински лекови, ќе се интервенира со соодветна механизација.

Kälte und Schnee in Bosnien und Herzegowina
Фотографија: DW

Според информациите од Меѓуградската автобуска станица и Железничката станица, автобусите и возовите сообраќаат со задоцнувања, а од скопскиот аеродром соопштуваат дека аеродормот е отворен за сообраќај, но оти летовите се одвиваат со задоцнувања. Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид е отворен за сообраќај и достапен за можни пренасочувања.

Автомото сојузот на Македонија информира дека има забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, Маврово – Дебар, Дебар – Струга, планински превои Стража, Плетвар и Ѓавато. Забрана за камиони и автобуси има и на патот Тетово-Попова Шапка. На останатите магистрални и регионални патни правци сообраќајот се одвива тековно, во зимски услови, по влажни коловози. Поради ниските температури во утринските часови на повисоките места, клисурите и мостовите има појава на голомразица.

Автор:СН/ЕМФ/миа

Редактор: Е.М.Фиданоска