1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Снајперисти ги нападнаа инспекторите на ОН

АТ/ дпа/ епд26 август 2013

Конвој на испекторите за хемиско оружје на ОН беше нападнат во регионот Дамаск. Неидентификувани снајперисти отвориле оган врз возило на експертите, се вели од Њујорк. Загрижувачки тонови за Сирија стигнуваат и од НАТО.

https://p.dw.com/p/19WAD
Фотографија: Reuters

Во Сирија денеска (26.08.2012) беше стрелано врз конвој на инспекторите за хемиско оружје на ОН. Експертскиот тим е на безбедно, соопштија во меѓувреме Обединетите нации во Њујорк.

Портпаролот на Светската организација не наведе дали инспекторите претрпеле повреди. Врз конвојот повеќепати намерно стрелале снајперисти, изјави портпарол на ОН во Њујорк. „Бидејќи автомобилот повеќе не можело да се употребува, тимот безбедно се вратил во владината база“. Штом ќе биде обезбеден нов автомобил, инспекторите ќе се вратат во погодената област. Други детали засега не се соопштуваат.

Противници на режимот информираат дека милиции блиски на владата отвориле оган врз тимот на ОН. „Тие сакаат да спречат инспекторите да дојдат кај нас“, изјави еден револуционер, кој според сопствени наводи ги чека соработниците на ОН на влезот од Моадхамија ал Шам југозападно од Дамаск.

Нема потврда за информациите, според кои инспекторите се обиделе да го продолжат своето патување без придружба на сириските безбедноси сили.

НАТО загрижен за Сирија

Загриженост за ситуацијата во Сирија денеска пристигнува и од седиштето на НАТО во Брисел. „Тоа е прашање кое се однесува на целата меѓународна заедница“, изјави службеник на НАТО во Брисел за агенцијата ДПА. „Внимателно го следиме развојот“, дополни тој.

Исто така и сојузниците на НАТО внимателно ја следат ситуацијата во Сирија и регионот. Доколку се потврди употребата на хемиско оружје, тогаш тоа би било „целосно неприфатливо и јасно кршење на меѓународното право“, смета службеникот на НАТО.