1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Смртоносно торнадо ја опустоши Оклахома

ЖА/дв/ртре/дпа21 мај 2013

Повеќе од 90 загинати, откорнати дрвја, превртени автомобили, тоа е моментниот биланс на страшното торнадо во американската сојузна држава Оклахома. Спасувачките екипи сметаат дека бројот жртви ќе расте.

https://p.dw.com/p/18bDh
Фотографија: picture-alliance/AP

Најмалку 90 лица загина при минувањето на страшно торнадо над јужно предградие на Оклахома, престолнината на истоимената централна сојузна држава во САД. Се очекува бројот на жртвите да нарасне. Цели квартови на градот Мур, со население од околу 55.000 жители, се срамнети со земјата.

Најмалку 20 деца загинаа од торнадото, пренесе телевизијата Си-Ен-Ен. Над 230 лица се повредени, меѓу кои многу деца, кои се сместени во болница. Најмалку 10 од нив се во критична состојба.

Бурата директно го зафатила основното училиште во Мур, однесувајќи го покривот и соборувајќи ѕидови. Неколку деца биле извадени живи од под урнатините. Брзината на ветровите што го следеле торнадото достигнала 320 километри на час, торнадото било широко 1,6 километри. Помалку од еден процент од торнадата достигнуваат таква брзина.

Verwüstungen nach Tornado in den USA Oklahoma
Фотографија: Reuters

Најсилните ветрови, регистрирани на Земјата, се оние што го следат торнадото, забелжаа американските медиуми. Апсолутен рекорд е 486 километри на час.

Претседателот на САД, Барак Обама, телефонски разговараше со гувернерот на Оклахома, Мери Фалон, и и‘ ја изразил својата загриженост. Демократот Обама ја информирал републиканката Фалон дека на својата администрација и‘ наредил на настраданите да им ја даде сета неопходната помош. Во Оклахома е прогласена вонредна состојба поради природна катастрофа. Цел на оваа мерка е федералната влада да може да укаже помош на тешко настраданите од минувањето на моќните бури и торнадото во изминатите два дена над овој регион. Торнадата инаку поминаа низ област наелена со 55 милиони луѓе. Во Канзас од луѓето е побарано да останат во засолништа. Уште минатата недела од вакви невремиња беше погоден Тексас, каде загинаа шест луѓе, а стотина беа повредени.