1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Смртна закана и за Јужнокорејците - заложници во Авганистан

22 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BKhH

Во Авганистан се киднапирани и 23-ца Јужнокорејци. Владата во Сеул се обидува да стапи во преговори со грабнувачите. Во телевизиско обраќање претседателот Ро Му Хјун побара ослободување на грабнатите сограѓани.

Претставник на радикално-исламските Талибанци се закани со убиство на заложниците, меѓу кои 15 се жени, ако до денеска навечер не бидат ослободени сите Талибанци затворени во Кабул.