1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Смирување на духовите по бурната реконструкција на владата

11 јули 2009

По долгата и бурна седница на Собранието и гласањето за новите министри доцна на полноќ, се чини дека во редовите на реконструираниот владин кабинет се враќа мирот.

https://p.dw.com/p/IleI
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Така ново именуваниот вицепремиер за европски прашања Васко Наумовски денеска е на работна средба со соработниците од секторот, а министерот за економија Фатмир Бесими е во посета на локалните власти во општина Липково.

Синоќа, меѓутоа, се водеше жестока расправа околу тоа дали владата има конфедерални темели, бидејќи министрите од помалиот партнер, ДУИ, останаа под строга надлежност на нивната партија. Освен тоа се водеше и остра дебата околу актуелната економска ситуација.


Повеќе за промените и реакциите на дебатата - од извештајот на Александар Чомовски.