Смее ли германски репрезентативец да одбира против кого ќе игра?
11 октомври 2007Ашкан Дежага има германски и ирански пасош и игра за бундеслигашот Волфсбург и за германската репрезентација под 21 година. Тој имено деновиве изјави дека поради напнатите израелско-ирански односи неможе да настапува за репрезентацијата на мечот против Израел во Тел Авив овој петок. Тој притоа упати на неговото семејство , кое живее во Иран . Официјален Техеран имено им забрани на своите спортисти да учествуваат во натпревари против Израел . Иако селекторот на младата репрезентација Дитер Ајлтс и претседателот на Германската фудбалска репрезентација Тео Цванцигер најнапред го прифатија образложението на играчот , Цванцигер по жестоката критика од медиумите и политичарите се предомисли и најави натамошни разговори со фудбалерот порачувајќи: Еден германски репрезентативец не смее да откажува учество на натпревари поради своите политички погледи и ставови -порача Цванцигер.
Овој случај извонредно се вклопи во, во моментов, малку здодевната политичка ситуација во Германија а за булеварските весници тоа беше можност на широката публика многу ефикасно да и го пренесат своето вчудовидување: Германско-иранскиот фудбалер Ажкан Дежага изјави дека од лични политички причини не може да игра на планираниот натпревар во Израел.
Така не оди- веднаш едногласно се побунија политичарите од владејачките партии на Социјалдемократите и Демохристијаните :
Каде ќе води тоа , ако спротистите сами одлучуваат против кого ќе играат а противб кого нема да играат . Спортот не смее да се политизира . Кој не се чуствува како Германец или доселеник припадник на ова општество , тој мора да се откаже од дресот на националната репрезентација- гласеа нивните реакции. И Централниот Совет на Евреите во Германија се приклучи кон овие барања . Фудбалер на националната селекција не смее да иницира приватен бојкот кон Евреите . Минато е времето кога Германците ги бојкотираа Евреите-порачаа од Советот.
Тие би биле во право доколку овој млад човек изјавеше дека не го признава Израел и оти поради тоа не сака да игра во оваа земја. Но тој не го стори тоа , туку зборуваше само за лични причини и укажа дека тој не е само Германец туку и Иранец.
Оние кои толку жестоко го критикуваат покажуваат дека не само што не знаат во каков костец се наоѓаат доселениците , мигранти со германски пасош, туку очигледно малку или воопшто не сфатиле што значи интеграцијата .
Секако дека еден странец со германски пасош би требало да се обиде да стане навистина дел од германското општество , но тоа не може и автоматски да значи дека тој треба да се одрекне од своето минато , потекло и се што е поврзано со тоа.
Тој имено има врски со својата татковина , има роднини и пријатели а можеби и имот. Да се бара нешто друго од него е неправедно и погрешно и во поголемиот број случаи ова правило се почитува освен кога во игра влегува политиката . А во случајот Иран и Израел овојпат е повторно така . И не затоа што така сака младиот германско-ирански фудбалер , не . Одговорните за тоа седат во Техеран и Ерусалим и се грижат за горкото непријателство.