1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Смарт на пазарот во САД

22 јануари 2008

Еден мал, може да стане најголем. Малиот автомобил Смарт на Дајмлер во меѓувреме е понуден и на пазарот во САД. Основниот модел таму треба да чини 7 илјади и 800 евра.

https://p.dw.com/p/Cpsv
Малиот „Смарт„ со шанси да стане многу голем во САДФотографија: picture-alliance/ dpa

Од мостот Голден Гејт во Калифорнија до Њујорк, од Аљаска до Флорида: од почетокот на оваа година Смарт може да се купи и во САД. Основниот модел таму треба да чини 7 илјади и 800 евра. 74 авто-куќи кои продаваат и Мерцедес Бенц, треба да им го приближат малиот џин и на Американците.

Познавачите на браншата велат: со оглед на растечката свест за климата кај Американците, Смарт се појавува во вистинското време. Шефот на управниот одбор на Дајмлер АГ, Дитер Цече истакнува: „Веќе сега имаме преку 30 илјади предуплати. Нашите производни капацитети на американскиот пазар се премали, па на почетокот ќе мораме да тешиме некои од нашите американски клиенти.“

Сепак, за решавање останува еден од најголемите предизвици: американската публика, навикната на големи автомобили, да се убеди во предностите на двоседот. Ако тоа успее, тогаш Смарт би можел да им го украде шоуто на големите во САД.