1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Случајот на Омар Кадр

10 август 2010

Во американскиот затвор Гвантанамо денеска (10.08.) започнува судењето на канадскиот државјанин Омар Кадр. Тоа е првиот процес во Гвантанамо од почетокот на мандатот на претседателот на САД Барак Обама.

https://p.dw.com/p/Ogfy
Барак Обама пред изборите вети дека ќе го укине затворот ГвантанамоФотографија: AP

Омар Кадр беше уапсен во јули 2002 година, при напад врз камп на Ал Каеда, поради тоа што убил американски војник со рачна граната. Екс-генералот Џон Алтенбург, кој во владата на поранешниот американски претседател Џорџ Буш беше надлежен за воените трибунали на Гвантанамо, за СиЕнЕн изјави: „Има докази дека тој фрлил рачна граната и убил еден американски војник.“

Тоа го негира бранителот на Кадр, потполковникот Џон Џексон: „Доказите во овој случај сосема јасно потврдуваат дека Омар Кадр не ја фрлил рачната граната.“

Критики за претседателот Обама

Guantanamo - Klagen gegen Verdächtige fallengelassen
Омар Кадр бил уапсен на 15-годишна возрастФотографија: AP

Уапсениот 23-годишен Кадр исто така се товари за подготвување експлозивни направи и поддржување на тероризмот. Случајот на Омар Кадр привлече внимание, оти тој имаше само 15 години, кога беше уапсен од Американците. Дете војник, вели адвокатот од одбраната Џексон, кој побара тоа да се земе предвид. Сепак, еден од обвинителите веќе појасни дека возраста не игра никаква улога додека трае процесот, туку дури кога ќе се одлучува на колку години ќе биде осуден Кадр.

Адвокатот Џексон остро го критикуваше американскиот претседател Барак Обама, кој во предизборната трка вети дека една година по стапувањето на функцијата ќе го затвори Гвантанамо. Тој го обвинува дека ги одобрува воените трибунали, кои беа воведени од владата на претседателот Буш за затворениците од Гвантанамо.

Нови правила за работата на воените трибунали

Kindersoldaten - Omar Khadr
Омар Кадр обвинува дека при сослушувањето ги дал изјавите под принудаФотографија: picture-alliance/ dpa

Владата на претседателот Обама ги смени правилата за работа на трибуналите, така на пример во процесите не смеат да се користат докази кои биле добиени принудно со мачење. Сепак, Кадр тврди дека тој ги дал изјавите под принуда со такви средства. Новинарот Спенсер Акерман пред почетокот на процесот присуствувал на сослушувања, на кои до збор дојдоа и американски војници стационирани во логорот Баграм во Авганистан. За јавниот сервис, радиото ЕнПиАр рече: „Слушнавме изјави дека Омар Кадр кратко по неговото апсење, додека бил во затворот во Баграм, откако ги преживеал скоро смртните рани, бил врзан со лисици за рамката од вратата, со рацете над главата.“

Кадр е канадски државјанин. Роден е во Торонто каде живеел до деветгодишна возраст. Потоа со семејството се преселил во Авганистан. Спенсер Акерман вели дека канадската влада ниту еднаш не поднела барање за испорачување: „Во принцип тие не сакаат тој да се врати, туку сакаат САД по правен пат да го решат случајот.“

Автор: Албрехт Циглер/ Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Александра Трајковска