Случајот Ел Масри пред повисока инстанца
9 февруари 2012Oткако Малиот судски совет на Европскиот суд за човекови права одлучи дека не може да се изјасни по предметот Калед ел Масри по автоматизам тој беше префрлен пред Големиот судски совет.
Тоа што случајот се најде пред Големиот судски совет во кој заседаваат седумнаесет судии, меѓу кои претседателот, замениците претседатели и претседателите на секцииите на Европскиот суд за човекови права, зборува за сериозноста на прашањето.
Од Стразбур се’ уште не се кажува кога ќе се расправа за предметот Ел Масри.
Калед ел Масри поднесе тужба против Македонија на 20. јули 2009. година, во која се жали дека било прекршен членот 3 од Европската конвенција за човекови права , со кој се забранува нечовечко и понижувачко однесување, членот 5 ( правото на слободоа и сигурност, членот 8 право на приватен и семеен живот, потоа членот 13 (право на правично судење), како и членот 10 (слобода на изразување) бидејќи не бил информиран дали бил изложен на тајната програма за траснфер.
Ел Масри ја смета Македонија како директно одговорна за времето кое го помина затворен меѓу 31. декември 2003. и 28. мај 2004. година.
За случајот Ел Масри, Македонија беше критикувана во Парламентарното Собрание на Советот на Европа и Европскиот парламент.
Автор: Тони Гламчевски
Редактор: Симе Недевски