1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Случајот Ел Масри не е затворен

Тони Гламчевски19 мај 2006

Напредок на европарламетарците по посетата на САД и Македонија.

https://p.dw.com/p/Ac6V
Калед ел Масри
Калед ел МасриФотографија: AP

По враќањето од САД, претседателот на времената комисија на Европскиот парламент задолжен за истрага на тајните летови на ЦИА, Карлос Коељо за нашата програма изјави: „ Многу сум задоволен, бидејќи имавме средби и разговори со претставници на американската администрација, сенатори, конгресмени и невладини организации, разговорите се покажаа како многу плодни за нашата работа.“

Извори блиски на американските тајни служби им признале на европарламентарците дека имало од 30 до 50 случаи на нелегално предадавање на лица на ЦИА. Лица за кои се постојат сомневања дека се терористи. Исто како и за постоење седум тајни центри на ЦИА во Европа, Африка и Азија. Центрите од Европа веќе биле затворени по притисокот од медиумите. „Овие случаи, навистина не се потврдени, ова е проценка на известувачот Клаудио Фава, направена според информациите кои ги доби. Тој најверојатно е во право, но официјално не можеме да ги потврдиме овие случаи. Сите лица кои ги сретнавме во САД, сугерираа дека програмата за вонредно екстрадициско преместување спроведена во Европа, не би било можно да се спроведува без знаење и поддршка на владите. Функцинери на Стејт департментот објаснија пред Комисија, со дипломатски зборови дека САД никогаш не го нарушиле суверенитетот на земјите членки на Европската унија“, вели претседатлот на Комисијата Карлос Коељо.

Што се однесува до случајот со германскиот државјанин со либанско потекло Калед ел Масри, по посетата на Македонија и САД, европарламентарците не напреднале повеќе. „Не, ние треба уште да го ислушаме германскиот министер за надворешни работи и најверојатно и директорот на германските тајни служби и само потоа ќе го затвориме досието Ел Масри.“ „ Навистина предизвикува немир, кога го прифаќаме фактот – европски граѓани да бидат жртви на овие програми.“

Карлос Коељо, не се наоѓаше со парламентарната делегација која ја посети Македонија. „ Но впечатокот кој ми го пренесоа моите колеги е дека потребно да се добијат други инфромации. Бидејќи со тие што располагаме се недоволни засега.“

Околу шпекулациите дека случајот Ел Масри, може да се најде на патот на Македонија кон Европската унија, претседателот на времената комисија на Европскиот парламент вели „Сите земји кои сакаат да станат членки на Европската унија, треба да ги почитуваат човековите права. Тоа се условите или критериумите од Копенхаген, содржани во така наречените „политички критериуми“ за правна држава, почитувањето на правата на малцинствата. Тоа се императивни предуслови за зачленување во Унијата.