1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Словенците на референдум за правата на хомосексуалците

ЕМФ/афп25 март 2012

Словенците денеска (25.03) на референдум гласаат околу измени на законот за семејство, со кој е предвидено хомосексуалните парови да добијат повеќе права.

https://p.dw.com/p/14Rl7
Фотографија: picture-alliance/dpa

Измените на законот кој регулира семејни прашања минаа во парламентот во Љубљана во јуни 2011 година. Според предвиденото, истополните партнерства би требало да добијат еднаков правен статус како хетеросексуалните бракови, но отстапки има во правото на адопција на деца. Со законот, имено, на хомосексуалците им се овозможува да посвојуваат деца, но само од нивните партнери, а не и од трети лица.

Освен тоа, во законот поимот семејство веќе не се дефинира како институција татко-мајка-дете. На одржување референдум околу измените на законот инсистираа конзервативците, кои имаат поддршка и од црквата. На гласање се повикани 1,7 милиони граѓани со право на глас, а изборните места се отворени до 19 часот.

Во Љубљана денеска се одржува и избор на градоначалник. Како фаворит важи поранешниот прв човек на градот Зоран Јанковиќ. Милионерот Јанковиќ се повлече од функцијата во декември, откако на предвремените парламентарни избори победи неговата централно-левичарска партија Позитивна Словенија. На Јанковиќ, сепак, не му успеа да состави влада.