1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Словенија ја поддржува Македонија кон НАТО

Александар Чомовски27 јули 2007

Македонија идната година би можела да стане членка на Алијансата,изјави словенечкиот министер за одбрана Карл Ерјавац во разговорот со својот македонски колега Лазар Еленовски во Скопје

https://p.dw.com/p/BMmz
Словенечкиот министер за одбрана Ерјавец при неодамнешна средба со германскиот колега ЈунгФотографија: AP

Словенија е познат лобист за евроатланските амбиции на Македонија.Таа е корординатор во НАТО во наредните две години,а ќе претседава и со ЕУ од први јануари догодина.

Македонија во НАТО-идната година,со ваква сигурност настапи гостинот од Љубљана,словенечкиот министер за одбрана:

„Македонија би можела да стане членка на НАТО по самитот во Букурешт,такви шанси имаат уште Албанија и Хрватска.Тоа мислење го дели мнозинството во Алијансата,изјави во Скопје Карл Ерјавец,словенечкиот министер за одбрана.

Македонија се поинтензивно го нуди својот воен полигон во Криволак,Неготинско,за обука и вежба на членките на НАТО.

„Се разбира дека тоа е една од нашите погодности кои ги нуди самиот полигон Криволак,како што знаете,станува збор за еден од најголемите полигони во овој дел од Европа и сметаме дека во рамките на се поблиското зачленување во НАТО нашата обврска ќе биде се поголема„,изјави македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски.

Двајцата министри се согласија и словенечките војници да тренираат на Криволак.Неодамна таму вежбаа и дел од британските армиски специјалци кои заминуваат во пустинско степските услови во Авганистан.

Словенечките прогнози за НАТО шансите се добредојдени и поради македонските претензии во секој случај по Букурешт земјата да стане да стане дел од Алијансата.