1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Словачка: недостиг на работна сила

20 јуни 2006

Словачка во која во минатиот викенд на парламентарните избори дојде до промена на политичкиот пејсаж по победата на опозицијата, во изминатиот период направи реформски скок единствен дури и за средноевропските состојби. Тоа придонесе малата држава да стекне глас на рај за инвестиции со единствениот данок од 19 проценти.

https://p.dw.com/p/AeLX
Фолксваген во Словачка е присутен веќе 15 години
Фолксваген во Словачка е присутен веќе 15 годиниФотографија: AP

Сликата на успехот е ваква: три автомобилски концерни градат фабрики или ги прошируваат постојните, за на крајот Словачка да стане земја со најголемо производство на автомобили по глава на жител во светот. Меѓутоа, фирмите се соочуваат со растечки недостиг на квалификувана работна сила:

Кореанскиот авто-производител КИА, сестра на концернот Хјундаи, во словачкото место Жилина ја гради првата фабрика во Европа за максимално 300 илјади возила, или еден ипол пат повеќе од она што КИА досега годишно го продаваше во Европа. Производството треба набргу да започне. Оттаму, во тек се процедурите за прием на кадри. Душан Дворжак, попртпарол на КИА за Словачка:

„Во април ја завршивме монтажата за првата смена. Се се одвиваше без проблеми. Сепак, има позиции за кои тешко се наоѓаат луѓе: недостигаат лакирачи или специјалисти за информатика, но тоа е вкупен порблем во Словачка„.

Словачка е мала земја со 5 милиони жители за одеднаш на три познати авто-производители да им се причини атрактивна: покрај КИА, во Трнава на запад се смести ПСА Пежо, а Фолксваген кој уште од 90-сеттите дејствува таму, размислува да изгради високо-профитабилна фабрика кај Братислава. Ако сите три одеднаш бараат стручни кадри во толку мала држава, се заканува недостиг, смета Јарослав Холечек, шеф на персоналот во Фолксваген Словакиа:

„Имаме предност на пазарот од околу 15 години и нам ни е полесно отколку на оние што дури сега доаѓаат. Ние ги дообразувавме нашите луѓе. Другите се во потрага по сопствени„.

Битката по „глави„ штотуку започна, смета Мирослав Полиак од советничката фирма АМРОП во Братислава која им дава совети на сите фирми:

„Порастот на инвестициите во последниве години беше толку голем што ние не можевме да обезбедиме доволно работна сила. Посебно ако се погледа автомобилскиот сектор. Таму стручни луѓе има недоволно: инеженери, истражувачи и наука, логистика, менаџмент за квалитет или продавачи. Тоа создава големи проблеми„.

Фирмите сепак реагираа бргу: програми за тренинг и проширување на побарувачката по работна сила. Засилено се бараат контакти со универзитетите и се ангажираат студентите идни инженери. Менаџерот на Фолксваген Холечек:

„Мора да се образуваат новите лакери, нив ги нема на пазарот, ние мораме да ги образуваме. Тоа ќе мораат да го прават и КИА и Пежо„.

Сепак Фолскваген е принуден да преземе експеримент: во фабриката во Словачка се донесени 40 полски гастарбајтери. Меѓутоа, не смеат да се потценат ниту културните разлики во централна Европа: иако полската татковина географски не е далеку, лошите сообраќајни врски ги отежнуваат посетите дома. Затоа, советникот на фирмите Полиак ја советува својата земја итно да го реформира и образовниот систем според потребите на индустријата. Зашто среднорочно, Словачка може бргу да го загуби добриот глас, ако се нарушат условите во земјата. И уште еден важен фактор: словачките работници во Фолскваген во просек заработуваат само една осмина од платите на нивните германски колеги: но, платите мораат бргу да растат кај стручните кадри, ако остане сегашниот недостигот од нив. Полиак тврди:

„Ако образовниот систем остане каков што е, тогаш ќе биде ’густо’ со работна сила. Веројатно по 25-30 години на нашите деца ќе им кажеме: овде имавме три производители на автомобили, но не привлековме ниту еден нов„.