1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

С.Кореја за три недели ќе го затвори реакторот Јонгбјон

23 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Aze7

Во вторник во Северна Кореја треба да пристигнат инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија , кои со властите во Пјонгјанг треба да ги започнат разговорите околу затворањето на нуклеарниот реактор Јонгбјон. Овој реактор е тежиште на атосмката програма на Северна Кореја . Специјалниот пратеник на САД за проблемот околу севернокорејската атомска програма, Кристофер Хил по изненадувачкиот престој во Пјонгјанг, денеска во Токио пак најави дека комунистичките власти во земјата изразиле подготвеност да ја запрат работата на ректорот Јонгбјон во рок од три недели.