1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скопје стана дел од балканската туристичка понуда

Сашко Димевски4 август 2012

Во главниот град на Македонија во јули имало од 20 до 30 на повеќе туристи отколку во истиот период минатата година, покажуваат последните податоци на туристичките работници.

https://p.dw.com/p/15jrX
Фотографија: Makfax

Туристичките работници, но и самите странски туристи со кои деновиве разговаравме велат дека е убаво ова што го гледаат во градот, иако има и сериозни забелешки дека сето ново што се гради или е изградено е пренатрупано. Дел не го разбираат концептот на споменици на луѓе од ралични епохи и нивната поврзаност во една целина, трети на изборот на мaтеријалот на спомениците, нивната комбинација итн.                                   

Подолг разглед на градот

Туристите сега имаат подолг разглед на градот. Освен традиционалната понуда со посета на Калето, Старата скопска чаршија , црквата „Свети Спас“ и Мустафа пашината џамија, сега се нудат и посети на новите  музеи пред Камениот мост, и повеќето споменици на плоштадот. Целата тура низ центарот на градот трае и до три часа, а завршува со посета на музејот на мајка Тереза и Старата железничка станица.

Mazedonien - Land und Leute
Фотографија: DW

Добар дел од странските туристи, меѓутоа, и натаму сакаат да ги видат црквите „Св. Пантелејмон“ , неколкуте на Матка, „ Св. Никита“ на Скопска Црна Гора или  „Марков манастир“.

Во Скопје најчесто доаѓаат туристи од Турција, Холандија, Јапонија, Кореа и повремено Кина, но и прекокеанските земји.

Во дворот на црквата „Св. Спас“ сретнавме три туристки од Турција и една Јапонка, која живее во Италија,. Не го криеја своето одушевување од миксот на културите во Скопје. Но и храната која има многу сличности со турската.

Микс на култури и религии

Највозрасната меѓу нив, која по втор пат е во Скопје, вели дека ја воодушевува хармонијата меѓу културите и религиите во градот.

 „Градот е многу е убав и активен,. Се забележува отоманската култура. Се чувствуваме како дома бидејќи многумина тука зборуваат турски. Затоа немаме никави јазички пречки, а видивме и многу џамии, медресата, пазарот, и објекти од отоманскиот период, но ни се допадна и реката Вардар, како и споменикот на Александар Велики, како и другите статуи на плоштадот . Луѓето се многу гостољубиви“, вели оваа жена, која ниту за момент  не престана да фотографира во дворот на црквата.

Statue Alexander der Große
Фотографија: Petr Stojanovski

Вели, можам да ја видам хармонијата меѓу културите и религиите бидејќи има црква и џамија една до друга, се надевам дека  е ова добар пример за секоја држава и се надевам дека Скопје ќе ја задржи хармионијата и мирот.

Втората придружничка, која одлично зборуваше англиски јазик истакна :

„Се чувствувам навистина како дома, заради јазикот и објектите што се како во Турција. Луѓето се гостопримиливи и услужливи, имате многу убава храна: супи, јадења, баклава...

За тоа дали имале некакви информации за Скопје пред да допатуваат сите објаснија дека за дел од спомениците имале некакви предзнаења, но за добар дел немале никави информации. Но, одушевено изјавија, се ни е интересно. Уживавме на плоштадот од една кафетерија додека го гледавме споменикот на Алекснадар, со музиката од фонтаната.

Најмладата меѓу нив беше Јапонка, која привремено живее во Италија.Ни  призна дека очекувала мал град, а се изненадила кога видела дека Скопје е навистина голем град, „Дојдовме синоќа и се чувтвувам безбедно, иако мислев дека ќе биде опасно.

Квалитетна понуда

Тања Митрева, секретар на Стопанската комора за туризам вели дека Скопје има квалитетна туристичка понуда, иако е свесна дека може уште да се стори, а објаснува дека и странците се повеќе покажуваат интерес за детали, кои често пати доведуваат до непријатност за туристичките водичи при објаснувањето на приказната за спомениците.

Macedonia-Street in Skopje Flash-Galerie
Фотографија: DW/Tosev

 „Во моментов Скопје влегува на мапата на балканската тура, а кај нас доаѓаат туристи на возраст од минимум 50 години, па нагоре,  а доаѓаат тури од Јапонија, Кореа, повремено од Кина и понекогаш од Австралија.

Туристичкиот водич Зоран Таневски, пак, вели дека за странците најинтересен е стариот дел на градот, но во последно време голем интерес предизвикува делот од Камениот мост и плоштадот, заради новоизградените споменици за кои дел од нив помалку на шега, а повеќе како вистина велат дека сето тоа изгледа како во дневна соба да се стави мебел за три соби“.

 „Сега странците повеќе се ориентираат на пешачкиот дел од турата, затоа што во центарот се изградија мноштво споменици и јавни објекти, и ако на времето таа прошетка траеше најмногу половина час, сега странците се задржуваат подолго време“, објаснува Таневски.