Скопје и Тирана ги усогласија ставовите околу визната политика
1 февруари 2008Реклама
Албанските граѓани за влез во Македонија, виза ќе добиваат како и досега на граничните премини. Примената на одлуката за новиот визен реежим со која тие визи требаше да добиваат во македонската амбасада во Тирана, владата во Скопје ја одложи само неколку часа пред да стаспи на сила. Со ова останува на сила спогодбата за визен режим меѓу двете земји од 1997 година.